вторник, 8 октомври 2024

Русија објави дека во текот на ноќта соборила 125 украински беспилотни летала

Русија објави дека во текот на ноќта соборила 125 беспилотни летала, од кои 67 во западниот регион на Волгоград, неколку стотини километри од Украина.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на ноќта противвоздушната одбрана уништи и пресретна 125 украински беспилотни летала“, соопшти руското Министерство за одбрана преку Телеграм.

Министерството додаде дека 67 летала биле соборени над регионите на Волгоград, 18 над Ростовскиот, 17 над Белгород и исто толку над регионот Воронеж, по еден над Брјанск, Курск  и регионалниот под-регион Краснодар.

Три беспилотни летала беа соборени над Азовското Море.

Тие региони, освен Волгоград и Краснодар, се граничат со Украина.

Волгоград се наоѓа на неколку стотини километри од границата, Краснодар е веднаш до полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија.

Гувернерот на Волгоград, Андреј Бошаров преку Телеграма изјави дека нема жртви или материјална штета, истото го изјави и гувернерот на Ростов, Василиј Гоубев.

Гувернерот на Воронеж, Александар Гусев, исто така, потврди дека нема жртви во неговата област, но извести дека избувнале пожари во две станбени згради.

Русија речиси секојдневно известува дека уништила украински беспилотни летала испратени на нејзина територија.

Киев вели дека ги извршува нападите како одговор на повеќе од двегодишното руско бомбардирање на Украина, и дека гаѓа воени и индустриски цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ