Рјабков не кажа точно какви ќе бидат промените.
Сегашната нуклеарна доктрина на Русија, објавена во 2020 година од претседателот Владимир Путин, наведува дека Русија може да користи нуклеарно оружје доколку непријателот ја нападне со нуклеарно оружје или во случај на конвенционален напад што би ја загрозил егзистенцијата на државата.
Русија, која го обвинува Западот дека води војна против неа преку Украина, веќе јасно стави до знаење дека размислува за промени во својата нуклеарна доктрина.
Рјабков досега најотворено кажа дека тоа и ќе го направи. „Работата е во напредна фаза и постои јасна намера да се спроведат корекции“, рече Рјабков, пренесе ТАСС.
Тој рече дека одлуката е „поврзана со ескалацијата на конфликтот во Украина од страна на нашите западни противници“.