среда, 9 октомври 2024

Русија: Ќе ги браниме нашите интереси на Арктикот и во воена смисла

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено денеска вети дека Москва ќе ги брани своите интереси на Арктикот и на дипломатски и на воен план.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лавров беше цитиран од руските новински агенции дека Русија е решена да се спротивстави на напорите на САД и нивните сојузници во НАТО да организираат зголемен број воени вежби во арктичкиот регион.

„Гледаме како НАТО ги интензивира вежбите во врска со можни кризи на Арктикот“, рече Лавров во серијалот со наслов „Советски пробив“. „Нашата земја е целосно подготвена да ги брани своите интереси во воена, политичка и воено-техничка смисла“, додаде тој.

Агенциите не дадоа дополнителни цитати за да го илустрираат тврдењето на Лавров. Лавров ги даде своите коментари во контекст на новата стратегија на Пентагон за Арктикот објавена во јули, во која се наведува она што Вашингтон го опиша како зголемена руска активност околу Арктикот.

Во американскиот извештај се вели дека Русија повторно отворила стотици воени локации од советската ера на Арктикот и укажува на зголемена руска соработка со Кина за минерали и бродски рути кои би можеле да влијаат на стабилноста во поларните региони.

Кога беше објавен извештајот, руското Министерство за надворешни работи ги обвини Соединетите Држави за поттикнување тензии на Арктикот и ја отфрли секоја идеја дека зголемената соработка со Кина во таа област може да влијае на регионалната стабилност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ