Кремљ во понеделникот објави дека претседателот Владимир Путин одлучил да му даде азил на Асад во Русија. Неговиот пад е голем удар за Иран и Русија, кои интервенираа во 13-годишната граѓанска војна во Сирија во обид да ја консолидираат неговата власт и покрај барањата на Западот тој да се повлече.
„Тој е обезбеден и тоа покажува дека Русија постапува како што е потребно во вонредна ситуација“, изјави Рјабков за Ен-би-си. Тој додаде дека нема да елаборира „што се случило и како тоа е решено“.
На прашањето дали Русија ќе го предаде Асад на судење, Рјабков рече дека Русија не е страна на конвенцијата со која е основан Меѓународниот кривичен суд.
Москва ја поддржува Сирија уште од раните денови на Студената војна, признавајќи ја нејзината независност во 1944 година кога Дамаск се обидуваше да ја собори француската колонијална власт. Западот ја гледаше Сирија како советски сателит.
Во вторникот Мохамад ал Башир објави дека дека го презема управувањето со државата како привремен премиер со поддршката на поранешните бунтовници кои го соборија Асад.
Рјабков рече дека Русија „дефинитивно ќе биде подготвена да размисли“ за уште една размена на затвореници, слична на размената во август во која беше вклучен новинарот на Вол Стрит Журнал, Еван Гершкович.
„Нов договор би бил здрав чекор напред, особено на почетокот на следната администрација“, изјави Рјабков за Ен-би-си, додавајќи дека не сака ништо да прејудицира.