вторник, 8 октомври 2024

Русија ѝ се закани на Европа: Ова е кражба, одговорот ќе биде исклучително остар

Москва денеска го предупреди Западот дека рускиот одговор ќе биде многу остар доколку Соединетите Американски Држави и Европската Унија запленат руски имот во вредност од стотици милијарди долари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По руската инвазија на Украина во 2022 година, САД и сојузниците ги забранија трансакциите со руската централна банка и Министерството за финансии, блокирајќи околу 300 милијарди долари руски средства на Запад.

ЕУ усвои закон за искористување на неочекуваниот профит остварен на замрзнатите средства на руската централна банка, беше објавено вчера, што е прв конкретен чекор кон целта на Унијата да ги искористи парите за финансирање на обновата на Украина.

„Ова е кражба. Тоа е присвојување на нешто што не ви припаѓа“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за радио Спутник, пренесува ТАСС.

Захарова рече дека одговорот на Москва ќе биде „исклучително остар“ бидејќи Русија верува дека има работа со крадци.

„Со оглед дека нашата земја тоа го оквалификува како кражба, односот ќе биде како кон крадци“, рече Захарова. „Не политички манипулатори, не технолози кои претераа, туку крадци“, додаде таа.

Москва соопшти дека ако ѝ биде запленет имотот, ќе го заплени имотот на западните земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ