Во пресрет на продолжението на првенството во Саудиска Арабија, Ал Хилал и Ал Наср одиграа пријателски натпревар, моменталниот лидер на табелата славеше со 2-0.
Но по крајот на пресметката сите зборуваат за новите срамни испади на Кристијано Роналдо, кој и покрај сите освоени трофеи и индивидуални награди, и со 39 години тешко ги поднесува провокациите и поразите.
Навивачите на Ал Хилал му влегоа под кожа на Португалецот со голем транспарент со ликот на Меси кој го бакнува трофејот од Светското првенство, како и со скандирање на презимето на Аргентинецот.
На ова, Кристијано Роналдо бесно им враќа: „Јас сум овде, не Меси“.
Ronaldo to the Al Hilal fans as they chanted Messi’s name: “I am here… not Messi.”
Most insecure
— FCB Albiceleste (@FCBAlbiceleste) February 8, 2024
Регираше нервозно и кога противничките фудбалери направија шпалир за да ги испратат играчите на Ал Наср.
Cristiano Ronaldo was not happy during the honorary pass.
pic.twitter.com/6ccWyK2TVu— CentreGoals. (@centregoals) February 8, 2024
Најголемиот скандал го направи при влезет во тунелот кон соблекувалните, кога навивачите на Ал Хилал му фрлаа реквизити (шалови), го зема истиот, се избриша по гениталиите и го фрли назад.
Messi winning the World Cup pushed him over the edge. Keep in mind Ronaldo is 39 years old now and many fanboys idolize him.
Via @OfificaRlay
pic.twitter.com/rOQa0NGKo3— FCB Albiceleste (@FCBAlbiceleste) February 8, 2024