четврток, 27 февруари 2025

Романија усвои закон за соборување на дронови како одговор на нивните упади во земјата

Романскиот сенат усвои „закон за дронови“, предлог-закон со кој се регулира мирното спроведување на воени мисии и операции на романска територија кога нема војна. Според Романија журнал, имало 81 глас „за“, 12 „против“ и два воздржани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според нормативниот акт, одредени структури на романската војска, во зависност од оперативните потреби, ќе можат привремено да бидат префрлени под различни нивоа на овластување во однос на командант на странски вооружени сили кои спроведуваат воена операција на територијата на романската држава.

Во предлог-законот се прецизира дека беспилотното летало кое илегално ја минува романската граница и лета без дозвола може да биде неутрализирано, па дури и уништено. „Беспилотното летало кое илегално ја преминува романската државна граница и лета во националниот воздушен простор без дозвола може да биде уништено, неутрализирано или може да биде преземена контролата“.

Сега останува на властите да одлучат кој ќе има право да донесе одлука за соборување на овие дронови, пишува Романија журнал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ