Пред десетина дена, Родри ја доби „Златната топка“, а синоќа беше откриено дека фудбалерот на Манчестер Сити стигнал до оваа престижна индивидуална награда со 49 поен разлика во однос на Винисиус Жуниор.
Денеска во целост беа објавени гласовите на сите 99 новинари (не гласал новинарот од Сирија).
Рорди бил прв избор на дури 49 новинари, додека пак Винисиус Жуниор бил прв избор на 35 новинари.
Македонскиот учесник на „Златната топка“, Марио Сотировски го одбрал Родри како прв избор, Џуд Белингем како втор и Винисиус Жуниор како трет.
Поени уште дал на Лаутаро Мартинез, Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе, Флоријан Вирц, Адемола Лукман, Феде Валверде и младиот Ламин Јамал.