вторник, 15 октомври 2024

Родителите на новиот главен командант на украинските сили живеат во Русија

Родителите и братот на новиот главен командант на украинските сили Александар Сирски живеат во Русија, јавуваат руските медиуми. Во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека го одбрал Сирски да го замени украинскиот генерал Валериј Залужни. До смената доаѓа повеќе месеци по неуспешната украинска контраофанзива и поради влошувањето на ситуацијата на бојното поле.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Генерал-полковникот Сирски е роден во западната Владимирска област на Русија кога Русија и Украина биле дел од Советскиот Сојуз. Неговиот брат Олег и понатаму живее во истоимената престолнина на покраината, објави ТАСС.

Олег им кажал на новинарите дека со години не разговарал со својот брат.

„Не комуницирам со него. Не знам каде е. Не знам ништо за него. Помина многу време откако се пресели (во Украина)“, кажал Олег Сирски за ТАСС.

Според нивните профили на социјалните мрежи, родителите на Сирски редовно присуствуваат на прославите на победата на Русија во Втората светска војна. Постовите на социјалните мрежи кои наводно ги лајкнала мајката на Сирски вклучуваат порака во која му се посакува добро здравје на рускиот претседател Владимир Путин.

Олександр Сирски завршил воена академија во Москва и служел во Украина кога таа прогласи независност во 1991. Активно учествувал во војната во Донбас. Според Зеленски, тој имал главна улога во одбраната на Киев од Русија во 2022 и офанзивата на Харков подоцна истата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ