„Засега, до овој момент, немаше напади врз зградите на централата, но на приодот беа соборени голем број ракети“, рече Лихачов во разговор што беше објавен на официјалниот Телеграм-канал на новинарот Павел Зарубин, пренесува РИА новости.
Лихачов нагласи дека поради ова и понатаму ги оценува ризиците како „многу високи“.
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) Рафаел Гроси минатата недела ги посети нуклеарната централа Курск и градот Курчатов.
По посетата на нуклеарната централа Курск, Гроси изјави дека ситуацијата е сериозна, пренесе РИА новости.
Според него, спречувањето нуклеарна несреќа е од витално значење.
На 6 август украинските сили ја пробија границата и окупираа дел од руската област Курск. Нуклеарната централа Курск се наоѓа на само 40 километри од бојното поле, веднаш до градот Курчатов.