Ристовски вели дека документацијата и она што е во реалноста се две различни работи, салата е во катастрофална состојба.
„Вчера бевме во инспекција на спортската сала ,, Младост’’ во Неготино, која според проектната документација е ,,реновирана’’, но реалноста на терен е сосема друга !!!
Кровната конструкција која се води како реновирана всушност прокиснува, соблекувалните кои што исто така се водат како реновирани се апсолутно неупотребливи … Подот во салата кој се води како реновиран е неупотреблив.
Со една реченица, апсолутна катастрофа !!!
Јас како министер сакам да најавам дека ваква злоупотреба на јавните средства од парите на граѓаните нема да дозволам и ќе поднесам кривични пријави за сите чинители во овој процес!!!“, напиша министерот Борко Ристовски на социјалните мрежи.