Динамо Загреб вечерва му гостува на Баерн во првото коло во Лигата на шампиони. Експедицијата на „модрите“ синоќа пристигна во Минхен, но членовите на шампионот на Хрватска биле прилично изненадени од потегот на домаќините.
„Баварците“ не дозволиле да се тренира на „Алианц Арена“, на Стефан Ристовски, Аријан Адеми и останатите им било дозволено само по патики да излезат на теренот и да направат по некоја фотка.
Баерн Минхен се решил на еден ваков непопуларен чекор поради очајната состојба на тревата поради натпреварите на Европското првенство.
Биле направени две санции, но лошите временски услови спречиле значително да се подобри квалитетот на теренот, па за да се избегне полошо сценарио, Германците забраниле тренинг на Динамо Загреб.
FOTO Bayern zabranio Dinamu da trenira na Allianz Areni. Kažu da je teren razrovan i pun rupa https://t.co/EHqSlKrEGV
— 24sata (@24sata_HR) September 16, 2024
Treninga nije bilo pa su Dinamovi igrači samo prošetali travnjakom Allianz Arene 👇
📸 Ronald Gorsic / CROPIX pic.twitter.com/V64IGvVXri
— HRT Sport (@HRTsport) September 16, 2024