На скицата се гледа хечбек со три врати и спортска силуета и истакнат заден дел. Замисленото возило има дизајнерски детали од римац невера и нејзиниот претходник концепт уан.
Логично е да се претпостави дека компактниот модел на Римац би бил целосно електричен, и најверојатно би имал делови од постоечкиот хиперавтомобил. Дури и половина од неверојатната сила на невера од 1.888 електрични коњски сили веројатно би го направиле најбрз хечбек кога било произведен, оставајќи ги ривалите како ауди РС3 спортбек и мерцедес-АМГ А45 далеку зад себе.
„Ќе претставиме нешто специјално на 26 јуни. Некои медиуми шпекулираат дека ќе биде спортски хечбек. Е па, во право се! Решивме да не ве тераме да чекате до јуни. Еве го… Духовниот наследник на југото – во секоја смисла. Конечно нешто за обичните луѓе!“, напиша Мате Римац на социјалните мрежи.
Спомнувањето на југото открива дека станува збор за првоаприлска шега. Римац не може да произведе таков модел по достапна цена или да се справи со сериско производство во големи бројки во моменталните објекти. Дури и нудењето евтин модел не е во согласност со фокусот на марката на високо-спортски хиперавтомобили, без оглед колку привлечно изгледа концептот.
Mate Rimac CEO Rimac automobili i vecinski vlasnik Bugatija na svom Instagram profilu je predstavio naslednika Yuga. Najverovatnije je prvoaprilska sala, ali ovaj Yugo kida kako izgleda na slici. pic.twitter.com/jCUCCKCrKO
— sam_u_raj (@sam_u_raj) April 1, 2024