четврток, 27 февруари 2025

Рикер: Македонија немала подобар пријател од САД на меѓународната сцена

Македонија немала подобар пријател од Соединетите Американски Држави на меѓународна сцена. Бевме ангажирани во минатото и ќе бидеме во иднината на Македонија, што е најважно, низ многу администрации. Мислам дека е прекрасно да се види дека премиерот Христијан Мицкоски, за релативно краток временски период откако тој и неговата влада ја презедоа власта, воспоставија толку добри, цврсти односи со САД, вклучително, се разбира, и со новата администрација во Вашингтон ,во интервју за Гласот на Америка, кажа поранешниот помошник – државен секретар на САД и поранешен американски амбасадор во Скопје, Филип Рикер.

Објавено на

часот

Сподели

Коментирајќи ја неодамнешната посета на македонскиот премиер Христијан Мицкоски на Вашингтон и неговото обраќање на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC), Рикер оцени дека двете земји имаат извонредни односи, како и секогаш.

„Ангажманот на премиерот, без разлика дали е овде во Вашингтон за време на неговите посети, е клучен за двете страни од Атлантикот“, изјави американскиот дипломат.

Тој потсети дека разговарал со Мицкоски во Минхен на Конференцијата за безбедност, што беше важна можност за Балканот, како и за пошироките трансатлантски прашања.

Прашан дали новата администрација на претседателот Доналд Трамп може да помогне да се придвижи македонската евроинтеграција или за нови инвестиции на САД во Македонија, Рикер посочува дека американските инвестиции се одвоени од Владата.

„Очигледно, она што е важно – е создавање инвестициски амбиент во Македонија што ќе биде атрактивен за инвеститорите во САД, а има програми на американската влада кои можат да ги поддржат и помогнат оние напори што беа дел од помошта за Македонија и другите земји во регионот за да им помогнеме да го заживеат економскиот развој. Се разбира, членството во ЕУ одамна е политички приоритет за Соединетите Држави. Тоа се однесува на земјите од Западен Балкан. Многу паметно и брзо се движевме кон членството во НАТО, што мислам дека беше клучно. А членството во НАТО, се разбира, е многу важен аспект од она што ја прави Македонија привлечна за странски инвестиции. Безбедноста е најважна за економскиот развој и просперитет“, вели Рикер.

Според поранешниот американски амбасадор во Скопје, важни се добрите односи меѓу две земји, затоа што САД се огромна глобална сила, најголемата економија во светот, основач на НАТО.

„Трансатлантските односи се приоритет и мислам дека премиерот Мицковски и неговиот тим одлично работат на одржување и зајакнување на тие односи. Целта за влез на Македонија во Европската Унија останува приоритет“, изјави Рикер.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ