Самостојниот општински инспектор Љупчо Симоновски, во изјава за МИА, посочи дека се работи за рибокрадство.
„Логично ваквата појава е од рибокрадци кои фрлаат динамит, кај Биглата. Нема од што друго да биде“, истакна Симоновски.
Спортското риболовно друштво и здруженија на граѓани за утре најавија прес – конференција, на која ќе побараат одговорност за случајот.