„Ако не, тогаш ќе се подготви нов проект, а првите два километри треба да бидат пуштени во рок од два месеца, иако во моментов никаде не се поврзани. Што се однесува до Коридорот 8, на истиот се работи и се очекува до крајот на 2026 година да биде завршен поголем дел од коридорот. Коридорот 8 нема никаква врска со пречките на кои се наиде за пругата од овој проект“, изјави Николоски.
Освен делот од Кичево до Охрид, Коридорот 8 го опфаќа и делот од Гостивар до Кичево, кој минува низ Букојчани. Според министерот Николоски, делницата Кичево-Букојчани се очекува да почне да се гради напролет 2025 година, додека следната година се очекува да почне со делницата од Букојчани до Гостивар, по завршување на експропријацијата и проектирањето.