Во извештајот на 291 страница, составен од три одбори на Претставничкиот дом, се наведува дека Бајден профитирал од шема на тргување со влијание за лично да се збогати, како и членови на неговото семејство преку зделки со странство кои почнале кога Бајден бил потпретседател на САД, пренесува Ројтерс.
Се наведува дека Бајден го искористил своето влијание за да обезбеди неговиот син, Хантер Бајден, да оствари корист во бизнис односи со партнери од Украина, Кина, Русија и други земји.
Ројтерс пишува дека не е јасно дали претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон ќе закаже гласање за отповикување на Бајден до претседателските избори на 5 ноември.
Дури и која Претставничкиот дом, кој е под контрола на републиканците, би усвоил таква одлука, малку е веројатно дека Бајден ќе биде отповикан од функцијата, бидејќи би морал да биде отповикан и во Сенатот на Конгресот кој е под контрола на демократите.
Бајден, кој се повлече од кампањата за резибор на 21 јули, треба да замине од функцијата кога неговиот наследник ќе положи заклетва на 20 јануари.
Демократите сметаат дека обидот на републиканците да го отповикаат Бајден претставува одмазда за тоа што демократите во Претставничкиот дом два пати го отповикаа Трамп, но Сенатот одбиваше да го направи тоа.