четврток, 12 декември 2024

Републиканците ќе ја задржат контролата и над Претставничкиот дом на Конгресот

Републиканците ќе ја задржат контролата врз Претставничкиот дом со најмала разлика, објавија денеска американските медиуми, што им ги дава на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и неговата партија сите механизми на моќ во Вашингтон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Републиканците го освоија Претставничкиот дом по победата во Аризона и Калифорнија, добивајќи ги потребните 218 места за да обезбедат мнозинство.

Конгресот под контрола на републиканците ќе му овозможи на Трамп брзо да го пополни својот кабинет и другите главни улоги во врвната администрација и да ја развие својата агенда најмалку во следните две години.

Ова претставува силен удар за демократите, кои сега практично нема да имаат контрола над Трамп, човекот на кој во кампањата предупредуваа дека е „закана за демократијата, екстремист и фашист“.

Републиканците сега ја имаат контролата врз Белата куќа, Сенатот и Претставничкиот дом, што им овозможува да ја спроведат агендата на Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ