Џонс важеше за голема фаворитка во борбата, но Рељиќ имаше одлична борба и направи изненадување победувајќи со 2-1.
Првата рунда македонската такевондистка ја доби со 7:6, а клучен беше еден удар со нога некаде на 20-тина секунди пред крајот на борбата.
Џонс успеа со 4:5 да ја добие следната рунда, а одлучувачката трета рунда која беше максимално израмнета (1:1) и припадна на македонската претставничка поради поголемиот број удари.
Следна противничка на Рељиќ ќе биде Летиција Аоун од Либан борбата е денеска околу 15:45 часот.
Хајлајтс од првата борба на Рељиќ. pic.twitter.com/V7k4ItQe4N
— Руи (@riste_g) August 8, 2024