Рељиќ ја загуби својата четвртфинална битка со Летиција Ајун од Либан, но постоеше шанса да оди во репресаж и да остане во борба за бронза. Тоа ќе се случеше ако Либанката се пласираше во полуфинале.
Но, Ајун убедливо загуби од Иранката Нахид Кијанихенде. Првата рунда беше 10-3 за иранската таеквондистка, а втората 9-0.
Со поразот на Ајун, згаснаа последните шанси за Рељиќ.