вторник, 8 октомври 2024

Ректорската управа на УКИМ на вонредна седница расправаше за Колективниот договор

Ректорската управа денеска информираше дека на вонредната седница се расправало за Колективниот договор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на која биле донесени неколку заклучоци.

Објавено на

часот

Сподели

Ректоратот информираше дека Колективниот договор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје е на сила и тој не е откажан, ниту укинат или поништен, и е задолжителен за работодавачот и работниците во чие име е склучен.

„Универзитетот со особена грижа за положбата на своите вработени и за остварувањето на нивните права од работен однос, констатира дека се целосно неосновани и незаконски наводите на Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика, во врска со полноважноста на поединечниот Колективен договор на УКИМ, со незаконско тврдење дека не е регистриран во Регистарот на колективни договори, кој го води Министерството за труд и социјална политика. Имено, според Законот за работните односи, регистрирање е задолжително за општи и гранкови колективни договори, а не и за поединечни колективни договори, каков што е Колективниот договор на УКИМ, за кои според истиот закон е потребно само известување до Министерството за труд и социјална политика“, велат од Ректорската управа.

Според Управата државата не ги почитува актите кои таа сама ги носи, што е во спротивност со принципите на владеење на правото и правната сигурност.

„Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Синдикатот на Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот бараат итна средба во рок од три дена со премиерот Талат Џафери, кој, инаку, е и потписник на Колективниот договор на УКИМ. Вработените на Универзитетот и Синдикатот ќе преземат соодветни мерки за заштита и остварување на своите права, загарантирани со Уставот и законите. За непочитувањето на Колективниот договор на УКИМ, со допис од 5 февруари 2024 година, известени се Собранието, Владата, Министерството за образование и наука, Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика“, информираа од Ректорската управа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ