понеделник, 11 ноември 2024

Рекордни 973 мигранти го преминаа Ла Манш за време на викендот

Рекордни 973 мигранти го преминаа Ла Манш во саботата за илегално да стигнат до Британија со импровизирани гумени чамци, додека четири лица загинаа на море истиот ден, покажуваат податоците објавени од британското Министерство за внатрешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претходниот рекорд датира од јуни минатата година, со повеќе од 882 премини. Со тие 973 пристигнувања, годинава има вкупно 26.612 мигранти кои стигнале до англиските брегови, најмногу од Франција.

Низата бродоломи ја направи 2024 година најсмртоносна од почетокот на феноменот на премини со импровизирани чамци на надувување во 2018 година, како одговор на сè построгите контроли на пристапот до тунелот под Ла Манш и пристаништето Кале.

Британската лабуристичка влада на Кир Стармер вети дека ќе се справи со илегалната имиграција со зголемување на бројот на депортации на мигранти и зајакнување на борбата против шверцерите.

Според британските власти, импровизираните чамци се сè преполни, со 52 патници во просек, што е драстичен скок во споредба со 2020 година кога просекот бил 13 лица.

Во периодот од јуни 2023 до јуни 2024 година, 18 отсто од луѓето кои пристигаа на овие чамци биле од Авганистан, по што следат Иран 13 отсто и Виетнам 10 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ