среда, 18 септември 2024

„Реки“ возила на Табановце-Прешево и на Богородица-Евзони

Камерите инсталирани на граничниот премин Богородица, како и на граничниот премин Табановце и Прешево, од страната на Србија, утрово покажуваат долги колони возила.

Објавено на

часот

Сподели

Камерата на преминот Богородица покажува зголемена фреквенција на возила за излез од Македонија и влез во Србија. Од АМСМ не наведуваат колку трае чекањето за да се дојде до граничните служби и да се завршат формалностите. Нема информација колку се чела во обратна насока, за влез во Македонија од Грција.

Како што објави МКД.мк, вчера во текот на денот за влез во Македонија од Грција на Евзони се чекаше во еден период околу три часа.

Уште подолги се колоните утрово на граничниот премин Табановце, во двата правци и за влез во Србија и за влез во Македонија.

Камерата на преминот Прешево, од српска страна, покажува колку многу возила одат во Македонија. Од АМСМ велат дека станува збор за зголемена фреквенција возила на Табановце.

На останатите гранични премини, информираат од АМСМ, нема подолги задржувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ