недела, 6 октомври 2024

Регистрирани и изгаснати се вкупно 28 пожари на отворено

Објавено на

часот

Сподели

„Шумски пожар до горниот дел од селото Смоларе, каде што во близина има и борова шума што лесно може да биде зафатена, можеше да го загрози селото, ако на време не беше детектирано дека се разгорува во неколку наврати за да биде локализиран и гасен“, појаснија од ЦУК.

Пожарот бил предизвикан од гром, поточно молња удрила во суво стебло од костен, по што и зачнал на крајот од денот при стемнување. Од страна на локалната месна заедница веднаш бил пријавен на бројот за итни случаи 112 во ЦУК. Пожарникарите брзо интервенирале и го локализирале до ноќните часови, но во вечерните часови повторно се појавиле чад, а потоа и активно горење, па пожарот потпомогнат од послаб ветер почнал да се разгорува. Мештаните активно се самоорганизирале преку локалната месна заедница да дежураат и до доцна во ноќта го гаселе и го локализирале, а потоа, кога тоа било можно, утрово, со помош на тим од ЈП Национални шуми, повторно го гаснеле по што целосно го изгасиле.

Покрај големиот пожар, како што соопштија од ЦУК, во текот на вчерашниот ден изгаснати се и два пожари во околината на Општина Ново Село и два во околината на Битола, еден во околинаиа на Крушево, четири во околината на Прилеп, по два во околината на Ресен, Општина Чешиново Облешево и Гостивар, пет пожари во околината на Тетово, и по еден во околината на Богданци, Кичево, Дебар, Струга, Велес, Кавадарци, Ранковце и Чучер Сандево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ