„Не сум тој кој бара, јас се советувам со сите. На седницата на Комисијата за заразни болести ќе се разгледа каква е состојбата. Таму има врвни професионалци, јас сум невролог. Ќе оставам на професионалците кои се во таа комисија, да се одлучува како понатаму. Но, тоа што ветувам и досега што тврдев, состојбата е под контрола и ние ги надгледуваме сите состојби во здравството, не само за заразни болести. Веќе е месец февруари, ќе им дојде крај и на овие вируси и други состојби што го влошуваат здравјето на пациентите, рече Меџити, прашан дали утре ќе побара од Комисијата за заразни болести да се прогласи епидемија во Скопје.
Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, минатиот месец во изјава за МИА рече дека при крајот на февруари се очекува пик на грипот и други слични вируси.