сабота, 18 јануари 2025

Речиси секој четврти вработен во Европа е мигрант

Речиси секој четврти вработен во Европа сега е мигрант. Особено во земјите со високи плати, овие луѓе играат сè поголема улога, според Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Така, во северниот, јужниот и западниот дел на Европа, во периодот од 2013 до 2022 година, бројот на мигрантски работници се зголемил од 22,5 на 23,3 отсто. За мигранти се сметаат сите луѓе кои работат во друга земја која не е нивна татковина.

„Работниците мигранти се неопходни за да се ублажи проблемот со недостигот на работна сила и да се придонесе за економскиот раст“, ​​рече генералниот директор на МОТ Гилберт Ф. Хонгбо.

МОТ ги смета за мигранти и лицата со работна виза и оние кои работат во странска земја без валидна работна дозвола. Во глобална споредба, уделот на работниците мигранти во целото работоспособно население е особено висок во Европа, Северна Америка и арапските земји.

Овие региони се од една страна интересни за мигрантите поради високите плати, а од друга страна потребата во овие региони е особено голема. Еден од факторите што го поттикнува ова е сè постарата популација во овие земји. На тој начин мигрантите доаѓаат на оние работни места кои остануваат празни откако луѓето ќе се пензионираат, а во исто време расте потребата од старатели за стари лица.

Оваа состојба се рефлектира и во бројките: речиси две третини од сите работници во европските земји, кои доаѓаат од друга земја, биле вработени во услужниот сектор. Кај домашното население, овој удел изнесува околу половина од работната сила.

Во светот, уделот на мигрантите во работната сила во 2022 година беше 4,7 отсто. МОТ го проценува вкупниот број работници мигранти во светот на 284,5 милиони. Околу 255,7 милиони од нив биле постари од 15 години и со тоа работоспособни.

Стапката на невработеност кај мигрантите изнесува 7,2 отсто, што е малку повисока отколку кај домашното население (5,2 отсто). Според организацијата на ОН, причините за тоа би можеле да бидат од лингвистичка природа, значи можни јазични бариери. Но, како причини се наведуваат непризнаените дипломи или уверенија, како и дискриминацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ