Пред почетокот на натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, сопственикот на Челси, Тод Боли прогнозираше победа за неговиот тим од 3-0, но ептен го утна резултатот.
„Сините“ добија лекција од Реал Мадрид, актуелниот шампион го надигра противникот и го совлада со 2-0.
Карим Бензема во 22. минута и Марко Асенсио во 74. минута се погрижија зa два гола предност на „кралевите“ пред реваншот во Лондон.