четврток, 27 февруари 2025

Реал Мадрид го победи Реал Сосиедад во првата полуфинална пресметка од Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Реал Мадрид со гол на Ендрик со 1-0 славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад во првата полуфинална пресметка меѓу овие тимови во полуфиналето од Купот на Шпанија.

Објавено на

часот

Сподели

Кралскиот клуб го надигра својот противник на негов терен, Реал Сосиедад може да биде и среќен што загуби со само еден гол разлика.

Клучниот момент се случи во 19. минута кога по асистенција од Белингем, Ендрик даде гол за водство на Реал од 1-0, што беше и конечен резултат.

На овој меч Карло Анчелоти настапи без дел од најдобрите играчи кои од разни причини беа изоставени, Куртоа, Мбапе, Модриќ, Валверде… но и покрај тоа составот на Реал Мадрид беше повеќе од силен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ