четврток, 27 февруари 2025

Разузнавачки извори: Северна Кореја распореди дополнителни трупи во Русија

Северна Кореја испрати дополнителни војници во Русија и ги распореди во областа Курск, изјави претставник на јужнокорејската разузнавачка агенција за АФП.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„По затишје од околу еден месец, севернокорејската војска повторно е прераспоредена на фронтот во регионот Курск… и се чини дека има некои дополнителни распоредувања на војници“, рече изворот, без да го прецизира бројот.

На почетокот на февруари јужнокорејската разузнавачка агенција објави дека војниците испратени од Северна Кореја во Русија не биле видени во борбите во регионот Курск од средината на јануари. Според Киев, севернокорејските војници биле повлечени од зоната откако претрпеле големи загуби.

Украинската војска го нападна рускиот регион Курск во август 2024 година, и покрај големата руска контраофанзива, сè уште држи неколку стотици квадратни километри, кои Киев се надева дека ќе ги искористи за преговори со Москва.

Денеска, официјално лице на јужнокорејската разузнавачка агенцијата за Франс прес изјави дека севернокорејските војници се „прераспоредени“ во областа.

Покрај тоа, додаде дека се чини дека има и дополнително распоредени војници.

Ниту Москва ниту Пјонгјанг досега не потврдија присуство на севернокорејски војници во Русија.

Двете земји сепак склучија договор за безбедност и одбрана во јуни 2024 година за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Северна Кореја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ