Според истражување на Универзитетот во Илиноис, ликопенот, пигментот што им ја дава црвената боја на доматите, е моќен антиоксидант кој ги штити клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали. Кога премногу ќе се акумулираат во организмот, настанува оксидативен стрес кој е поврзан со забрзано стареење и разни хронични заболувања.
Докторот Едвард Џованучи објаснува дека специфичната форма на молекулата на ликопен го овозможува нејзиното моќно дејство во неутрализирање на слободните радикали, потенцијално дури и подобро од другите антиоксиданти.
Ликопенот, исто така, може да помогне во намалувањето на воспалението, кое е поврзано со пониските нивоа на „лошиот“ ЛДЛ холестерол. Студија од 2014 година покажа дека луѓето кои пиеле сок од домати најмалку четири пати неделно во текот на два месеци забележале пад на ЛДЛ, додека кај некои дури имало зголемување на „добриот“ ХДЛ холестерол, пренесува Мирор.
Според британската Национална здравствена служба, високиот холестерол може да ги стесни крвните садови и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Иако генетиката игра улога, високиот холестерол често е резултат на навиките во исхраната и начинот на живот. Ако имате здравствени проблеми, особено со холестерол, секогаш консултирајте се со вашиот лекар пред да направите значајни промени во исхраната.