четврток, 12 март 2026

Британец освои 209 милиони евра во игри на среќа

Билет купен во Велика Британија го освои џекпотот на „Евромилиони“ од 181 милион фунти, или нешто повеќе од 209 милиони евра, на извлекувањето во вторник, потврди Националната лотарија на Велика Британија.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Еден играч ги погодил сите пет броја – 12, 14, 27, 44 и 50 – како и двата броја од „Среќна ѕвезда“ – 04 и 12 – со што освои џекпот, објави Би-би-си.

Наградата од 181.073.415,70 фунти (209.733.715,94 евра) е трета најголема во историјата на Британската национална лотарија.

Вишиот советник на победниците, Енди Картер, ја нарече наградата сума што може да го промени животот.

„Секој што купил билет треба да одвои време внимателно да го провери – можеби вие сте победникот што го бараме“, рече Картер.

„Со вакво богатство, овој среќен добитник би имал средства споредливи со ѕвезди како пејачката Адел (чие богатство се проценува на околу 190 милиони евра). Само замислете го начинот на живот што би го овозможил тоа!“

Исто така, во извлекувањето во вторник вечерта, еден добитник од Велика Британија ги погоди сите пет главни броеви и една среќна ѕвезда и освои 355.164,90 фунти (411.380,40 евра), додека друг добитник освои 16.601,50 фунти (19.229,19 евра) со совпаѓање на сите пет главни броеви.

Најголемата добивка која ја освои играч од Велика Британија изнесува 195 милиони фунти (приближно 226 милиони евра) и е остварена во 2022 година, според податоците на лотаријата.

Извлекувањето на оваа игра на среќа се одржува секој вторник и петок во девет европски земји. Џекпотот за извлекувањето во петок сега се проценува на околу 14 милиони фунти (16,22 милиони евра).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ