понеделник, 11 ноември 2024
Центарот за јавно здравје треба да пресече

Различни анализи за иста вода во Гостивар, едни велат има, а други нема бактерии

Резултатите од водата за пиење во гостиварскиот водовод направени во две лаборатории се различни и според едните, водата не е за употреба, а според другите, таа е безбедна. Се очекува нова анализа која ја прави државниот Центар за јавно здравје – Скопје. Информациите ги соопшти в.д. градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани и најави поведување на одговорност, доколку имало пропусти.

Објавено на

часот

Сподели

Лимани појасни дека резултатите на компанијата која ги врши анализите за ЈП „Комуналец“ покажале вредности кои налагаат забрана за пиење, меѓутоа како што нагласи, резултатите од примероците на Центарот за јавно здравје Гостивар земени истиот ден, покажале дека водата може да се користи.

„Истиот ден е направена е и анализа на присуство на манган. Во резултатите кај приватната компанија тие се над дозволените вредности, а пак кај Центарот за јавно здравје тие се под дозволениот минимум. Од тие причини, во саботата земени се нови примероци за анализа за да направи подетална проверка и во скопскиот центар јавно здравје“, рече Лимани во одговорот на новинарско прашање на настан кој се одржа во Гостивар.

Градоначалникот Лимани очекува во текот на денот да стигнат новите резултати и да се утврди дали водата е здрава за пиење.

По ова како што нагласи ќе побара од претпријатие кое раководи со градската водоводна мрежа и снабдувањето ЈП „Комуналец“ да ја прекинат соработката со компанијата која врши анализи, Лимани најави и мерки за одговорност кон оние кои придонеле за состојбата што настана со воведување на забрана за употреба на водата за пиење.

Изминативе две недели, беа воведени две забрани за употреба на водата од гостиварскиот водовод, а како причина еднаш беше наведено присуство на колоформни бактерии и ешерихија коли, а во последното од петокот и физичка загаденост со присуство на манган.

Поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во петокот, издала забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар.

На јавното комунално претпријатие „Комуналец” кое стопанисуваа со водоводната мрежа во овој град, соопштија денеска од АХВ, наредено му е да ги извести граѓаните за забраната, односно дека водата во градскиот водовод не е безбедна за пиење и да обезбеди питка вода за пиење.

„По издадените наредби од инспектор за храна на АХВ, ЈКП ‘Комуналец’, постапило веднаш. Во саботата, земени се 4 мостри за бактериолошко и физичко – хемиско тестирање на водата од градскиот водовод, со акцент на присуство на манган, од различни локации, и од страна на инспекциските служби на АХВ и Институтот за јавно здравје Скопје и од Центар за јавно здравје Гостивар, чии резултати се уште не се добиени“, се појаснува во соопштението од АХВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ