„Затвореникот бил осуден на казна затвор од шест години за сторени кривични дела тешка кражба, разбојништво, уцена, загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство и загрозување на безбедноста во сообраќајот, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од установата. Осуденикот бил спроведено во Казнено – поправната установа затвор Идризово за доиздржување на две години и шест месеци од казната затвор“, информираа од МВР.