среда, 11 декември 2024

Раул Гонзалез е нов селектор на Србија

Поранешниот тренер на Вардар и македонски селектор, Раул Гонзалез го презема кормилото на српскиот национален ракометен тим.

Објавено на

часот

Сподели

Човекот кој со Вардар стана Европски шампион во 2017 година, а потоа ја предводеше и Македонија, по неколкудневни преговори постигна договор да ја води српската репрезентација.

Договорот ќе стапи на сила по крајот на оваа сезона затоа што Србите сакале тој да биде насочен само кон нивната селекција, што значи дека Раул Гонзалез ќе го напушти кормилото на ПСЖ.

„Договорот со Раул Гонзалез е потпишан откако е одигран натпреварот против Италија. Тој стапува на сила на 1 јули 2025 година, од моментот кога Раул нема да има договорни обврски со ПСЖ. Вакуумот кој го имаме до моментот кога тој ќе ја преземе репрезентацијата ќе го искористиме за да ја решиме ситуацијата со актуелниот селектор Борис Ројевиќ и да најдеме преодно решение за преостанатите натпревари од квалификациите за Европското првенство. Пред Раул е поставена јасна цел – пласман на Олимписките игри во 2028 година“, изјави генералниот секретар на Ракометната федерација на Србија, Иван Миливојевиќ.

Договорот на Раул со Србија е на три години, главната цел ќе биде пласман на Олимписките игри во Лос Анџелес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ