среда, 16 октомври 2024
Новинарски став

Раткоцери: Токму кога Ескобар е во Македонија Касами прави „патриотско шоу“ кое ги иритира Македонците

Објавено на

часот

Сподели

Раткоцери во својата објава нагласува дека Касами своето „шоу“, го направи токму кога Ескобар се обидуваше да ја убеди македонската опозиција за придобивките од европски исчекор на земјава.

„Но, Касами направи шоу со знамето со карта на етничка Албанија, поттикнувајќи иритација на македонското размислување“, вели Раткоцери.

„Токму дента кога американскиот пратеник Ескобар во Скопје врши максимален притисок врз главните политички фактори за уставни измени, градоначалникот на Тетово Биљал Касами го одби со инаугурација на ‘улички поплочени со бекатон’. Сето тоа придружено со патетична иконографија со знамиња и мапи на Етничка Албанија. Акција координирана со некого заради повеќе од нормални реакции и иритација на македонското мислење и дефокусирање на посетата на американскиот функционер на Скопје“, напиша Раткоцери.

Логиката на Касами, всушност е дека, колку има повеќе коруптивни тендери, толку има повеќе непотизам и институционална злоупотреба, па затоа толку повеќе треба да се ‘труби’ за етничка Албанија, наведува порталот Тетова сот, а Касами се обидува да ги прикрие скандалите што го одржуваат актуелен во медиумите како „пушка по војна“.

Инаку, Касами денеска пушти во употреба крак од улица во Тетово, а кога даваше изјава можеше да се види зад него знаме со мапа на голема Албанија. На новинарско прашање зошто има такво знаме, рече дека Општината си ги работи своите работи, а граѓаните, како што нагласи, се иритирани од односот на власта, со што, како и за случајот со посетата на косовскиот премиер на Тетово, отфрли одговорност за веењето на такво знаме посочувајќи дека „не може да одговара за тоа што се случува во публиката“. Заради тоа знаме за време на посетата на косовскиот премиер, како организатор на свеченоста, тој доби и покана за суд. Денеска изјави дека нема време да оди по судови и дека „знаат каде да го најдат“.

                                                                                                                     П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ