среда, 11 декември 2024

Расчистени се снежните наноси, сите локални патишта се проодни

По вчерашните и синоќешните врнежи од снег, екипи ангажирани од општина Македонска Каменица и екипите на Јавното претпријатие Камена Река се на терен и успешно ги вршат активностите за расчистување на снежните наноси. Сите локални патишта, вклучително и оние што водат до најоддалечените и највисоките населени места во општината, се проодни и расчистени.

Објавено на

часот

Сподели

„Екипите, од раните утрински часови се на терен во Караџевско маало во село Косевица, Капетанско маало во село Саса и повеќе од повисоките населени места во село Цера, каде со максимална ангажираност вложуваат напори за обезбедување на безбеден и непречен сообраќај. Со постојана присутност на екипите на терен, ќе овозможиме брзо и ефикасно расчистување на сите локални патишта во услови на интензивни врнежи и ниски температури во текот на целиот зимски период, истакнал градоначалникот Димчо Атансовски“, соопштија денеска од општината.

Атансовски апелирал до граѓаните за внимателност при движењето, особено на одредени делови каде што е можно присуство на мраз.

За секоја информација или потреба од дополнителна интервенција, граѓаните можат да се обратат во Општина Македонска Каменица или да се јават на 070 298 144 – отворената телефонска контакт линија во општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ