петок, 21 март 2025

Рама: Заборавете на мојата оставка, само срцето или народот ќе ме отстрани од политиката

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека нема да поднесе оставка по апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Вељиај и дека само срцето или народот можат да го отстранат од политиката.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој во видео-интервју на социјалните мрежи рече дека неговите политички противници, по апсењето на Вељиај, побрзале да побараат негова оставка, пишува Еуроњуз на албански јазик.

„Можете да заборавите на мојата оставка. Тоа го бараат откако влегов во политиката. Има само два начина да ме отстраните од политиката – или ќе ме отстрани срцето ако не чука доволно брзо за да ме разбуди наутро, или ќе ме отстрани народот на Албанија“, рече Рама.

Градоначалникот на Тирана, Ерион Вељиај, беше уапсен во понеделникот по наредба на Специјалното обвинителство (СПАК), а Специјалниот суд за борба против корупција и организиран криминал ѝ одреди домашен притвор на неговата сопруга Ајоли Џоџа и нареди претрес во станот што таа го користи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ