среда, 11 декември 2024

Рама: Победата на Трамп не мора нужно да е лоша за Европа

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денес дека победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори би можела да биде корисна за Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кога (Трамп) беше претседател, сите зборуваа дека НАТО ќе ослаби, а НАТО зајакна. Па ајде да видиме и да не креваме хистерија не гледајќи ја вистината. Соединетите Американски Држави се Соединетите Американски Држави. Јас не мислам дека тоа нужно мора да е лошо за Европа“, кажа Рама на состанокот на европската политичка заедница во унгарската престолнина Будимпешта.

Рама најави дека следниот самит на европската политичка заедница ќе се одржи во првата половина на следната година во главниот град на Албанија Тирана. „Темата на климатските промени е присутна секаде и, нормално, е во врвот на приоритетите на европските земји, но постојат и други прашања за кои треба да се разговара. Многу сме горди што имаме прилика да бидеме домаќини на овој состанок“, кажа Рама.

Европските лидери учествуваат на петтиот самит на ЕПЦ во Будимпешта каде разговараат за глобалните прашања, вклучувајќи ги војните во Украина и на Блискиот Исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ