„Луѓето таму јадат, пијат, се фотографираат. Ова ми изгледа како тоа што секојдневно се случува во светот. Животот оди понатаму, со старите навики, додека нашите говори – полни со убави зборови за борбата против климатските промени – ништо не менуваат“, кажа Рама.
Рама укажа на вчерашната изјава на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, кој истакна дека емисиите на јаглерод диоксид пораснале од последниот КОП самит.
„Што тоа значи за иднината на светот ако најголемите загадувачи продолжуваат по старо. Што всушност правиме на овој собир, повторно и повторно, ако нема заедничка политичка волја да се премине од зборови на дела и да се постигне единство за вистинска промена“, праша Рама.