„Првопријавениот, во април 2024 му дал усна дозвола на второпријавениот да врши сеча на сурово огревно дабово дрво, со што била причинета материјална штета од 1.434.510 денари“, се наведува во билтенот на МВР.
Раководител на подрачно шумско претпријатие од Охрид дал незаконска наредба за сеча на дрва
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од село Велмеј, раководител на подрачното шумско стопанство Галичица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и Б.Т. (46) од село Свиништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело пустошење шума, информираше МВР.
Објавено на
часот