По настапот во Диселдорф каде со историскиот меч против Франција го отворивме Европското првенство, македонските ракометари од вчера се преселија во Берлин каде ќе ги одиграат преостанатите две кола од групната фаза.
Во Германија деновиве има штрајк на возовите, но се направи отстапка за нашата репрезентација која јавно му се заблагодари на „Дојче Бан“ за овозможениот превоз.
Вчерашниот ден беше за патување, одмор и видео анализа, а од денеска почнуваат тренинзите за мечот со Германија кој се игра во недела со почеток од 20:30 часот. Последниот натпревар го играме во вторник против селекцијата на Швајцарија.
Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски