Шпанските медиуми пишуваат дека Рајо сака да го врати Димитриевски на позајмица. Оваа идеја е потикната од ситуацијата со грузискиот голман Мамардашвили.
Ако Мамардашвили остане во Валенсија, тој ќе биде прв голман, а Димитриевски би бил резерва.
Таа позиција не е прифатлива за македонскиот голман, па затоа во неговиот договор има клаузула дека може да замине за три милиони евра ако Мамардашвили остане во клубот.
Како и да е за Рајо операцијата сигурно нема да биде лесна, но би можеле да се обидат. Димитриевски на голот на овој тим во минатата сезона беше еден од најдобрите голмани во Ла Лига.