Бугарскиот претседател истакнува дека 2 Август останува славен датум за нашата заедничка историја, заедно со настаните поврзани со Илинденско-Преображенското востание, кои се повод за гордост и почит кон храброста и посветеноста на нашите предци во името на нивните стремежи кон слобода, еднаквост и правда. „Високите идеали на востанието денес стојат во основата на вредностите на обединета Европа“, забележува Румен Радев.
Тој вели дека „нашата заедничка европска иднина бара потребна волја и искрен пристап во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и реализирање на сите преземени обврски. Република Бугарија останува решена да работи за изградба на добрососедски односи со Република Северна Македонија и да ја дава потребната поддршка за исполнување на договорените критериуми за членство во ЕУ“, истакнува претседателот во честитката.