понеделник, 9 декември 2024

Работнички ја отвора 2012 година како 170. клуб на светот

Објавено на

часот

Сподели

Дебармаалци забележаа нов пад од десет места во однос на последното рангирање во минатата година и со 95,5 бода се најдоа на делба на 170 место заедно со турски Газиантеп. Вториот македонски клуб кој се наоѓа на листата на ИФФХС на рангирањето за најдобар тим е Металург, кој забележа скок од две места и сега е 325 светски клуб . Местото го дели со парагвајскиот Гуарани, полски Лех Познан и северно ирски Колерејн.

Најдобар светски клуб очекувано е Барселона, која лани освои пет од можните шест трофеи, меѓу кои и двата најважни, европската и светската титула. Зад Барселона следат Реал Мадрид, Велез Сарсфилд (Аргентина), Манчестер јунајтед и Манчестер сити, кој влезе во „топ пет“. Следат Сантос (Бразил), Универзидад Чиле (Чиле), Спортинг Лiсабон, Порто и Универзидад Католика (Чиле).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ