среда, 11 декември 2024

Работнички го смени Седлоски, Станиќ е нов тренер

Кратко траеше љубовта меѓу Гоце Седлоски и Работнички, по четири месеци дојде разделба поради лошите резултати, Горан Станиќ е именуван за нов тренер.

Објавено на

часот

Сподели

Работнички се реши за тренерска смена откако резултатите во последниот период беа под сите очекувања на раководството.

„ФК Работнички спогодбено се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Гоце Седлоски. Со него заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски“, соопшти Работнички.

Под водство на Седлоски Работнички одигра 11 натпревари на кои забележа две победи, двапати одигра нерешено и загуби дури седумпати.

На местото од Седлоски седнува Горан Станиќ.

„ФК Работнички за нов шеф на стручниот штаб го именуваше Горан Станиќ. Негови асистенти ќе бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски. Тренер на голманите останува Матеј Миленков. Новиот стручен штаб предводен од Горан Станиќ денеска ќе го одржи првиот тренинг со тимот“, информираат од клубот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ