„Многу добро знаеме дека странски земји не само што се обидоа да го оправдаат монструозното злосторство туку на терористите им ги пружија сите видови помош: морална, политичка, информациска и финансиска“, кажа Путин во градот Беслан во Северна Осетија.
Тој не прецизираше кои држави им помагале на терористите.
Повеќе од 30 исламистички терористи заробија повеќе од 1.100 деца, нивните родители и учители во училиште во градот Беслан на 1 септември 2004, првиот ден на наставата во Русија. Терористите бараа ослободување на чеченските заробеници.
При нападот на училиштето беа убиени 334 заложници, од кои 186 деца. Многу преживеани заложници се инвалиди. Одговорноста за нападот ја презема тогашниот лидер на чеченските терористи Шамил Басаев кој беше убиен во 2006 година.
По тригодишната обнова, училиштето во Беслан ќе биде културно-патриотски центар за превенција на тероризмот.
По посетата на Северна Осетија, Путин пристигна во Чеченија.