понеделник, 14 октомври 2024

Путин наскоро може да ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година

Рускиот претседател Владимир Путин наскоро може да објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година, што би му овозможило да остане на власт до 2030 година, објави денеска весникот Комерсант.

Објавено на

часот

Сподели

Официјални лица веруваат дека Путин на ноемвриската конференција може да објави дека ќе учествува на изборите во март следната година, објави Комерсант, повикувајќи се на неименувани извори блиски до претседателската администрација.

Но, весникот, кој важи за еден од најугледните во Русија, пишува дека има и други сценарија за тоа што Путин би можел да објави на конференцијата и дека одлуката е исклучиво негова.

На новинарско прашање за написот во Комерсант, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори дека не знае ништо за тоа дека кандидатурата на Путин може да биде објавена во ноември.

„Не знам ништо за тоа дека претседателската кампања ќе биде официјално најавена за ноември. Немам такви информации и немам што да додадам“, рече тој, пренесе Ројтерс.

Путин, кому претседателската должност му ја предаде Борис Елцин на последниот ден од 1999 година, е шеф на државата подолго од кој било друг руски владетел уште од Сталин. Го надмина дури и 18-годишниот мандат на Леонид Брежњев.

Путин на 7 октомври ќе наполни 71 година.

Путин минатиот месец изјави дека ќе ги објави своите планови дури откако парламентот ќе распише претседателски избори, а Песков минатиот месец рече дека Путин, доколку одлучи да се кандидира, нема да има конкуренција.

Западот го прикажува Путин како воен злосторник и диктатор кој ја одведе Русија во конфликт во империјален стил што ја ослабна земјата, а ја оформи украинската државност, го обедини Западот и му ја предаде на НАТО постсоветската мисија за конфронтација со Русија.

Во исто време, Путин ја претставува војната како дел од многу поголема борба со САД, за која елитата на Кремљ вели дека крајна цел ѝ е да ја подели Русија, да ги зграпчи сите нејзини природни ресурси и потоа да започне пресметка со Кина.

Западот нагласува дека не сака конфликт меѓу НАТО и Русија, туку сака да ѝ помогне на Украина да ги победи руските сили. Кремљ тврди дека Западот никогаш нема да ја победи Русија во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ