четврток, 27 февруари 2025

Путин нареди дополнителни мерки на руските граници

„Потребни се дополнителни мерки за ефикасна заштита на руската државна граница“, гласи наредбата што ја издаде рускиот претседател Владимир Путин на седницата на колегиумот на ФСБ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мора да преземеме сериозни дополнителни мерки за заштита на државната граница“, рече шефот на државата.

„Мораме да продолжиме да ја зголемуваме густината на граничното покривање во потенцијално опасните области, во соработка со армиските единици, единиците на Руската национална гарда и Министерството за внатрешни работи и локалните власти за да се осигура безбедноста на луѓето во пограничните населби“.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека преговорите меѓу САД и Русија исполнуваат со „надеж“ дека „проблемите“ како украинскиот конфликт може да се решат.

„Првите контакти со новата американска администрација даваат одредена надеж. Постои заедничка желба да се работи на обновување на односите“, рече Путин за време на состанокот со претставниците на руската безбедносна агенција ФСБ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ