среда, 22 јануари 2025

Путин: Кога ќе имаме доволно ракети „орешник“, нема да ни треба нуклеарно оружје

Во моментот кога ќе имаме доволно количество проектили „орешник“, Русија повеќе нема да разгледува употреба на нуклеарно оружје, порача рускиот претседател Владимир Путин на Советот за цивилно општество и човекови права.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ние ја подобруваме својата нуклеарна доктрина, но не ја заоструваме. Главно, сега треба да го подобриме проектилот „орешник“, а не нуклеарната доктрина. Ако подобро погледнеме, доволно количество од овие најсовремени оружени системи всушност ќе ја елиминира потребата за употреба на нуклеарно оружје“, истакна рускиот претседател.

Поради тоа, според Путин, Русија во сите сфери се однесува внимателно, дури и воздржано. „Меѓутоа, владата ја покажува волјата таму каде што е тоа потребно, како и луѓето кои тука живеат и сакаат децата да им живеат тука, кои Русија ја гледаат како своја татковина и се спремни да направат сè за да ја зајакнат“, истакна Путин.

На 21 ноември Путин се обрати на националната телевизија за да се пофали со новиот, хиперсоничен проектил. Го предупреди Западот дека следното лансирање би можело да биде против НАТО сојузниците кои му дозволуваат на Киев да ги користи ракетите со долг дострел за напади на руска територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ