среда, 4 декември 2024

Путин: Ќе продолжиме да ја тестираме хиперсоничната балистичка ракета, никој не може да ѝ се спротивстави

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Русија ќе продолжи да ја тестира балистичката ракета позната како „орешник’, каква што испука на Украина во четвртокот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На состанок со раководството на руското министерство за одбрана, пренесуван на телевизија, Путин истакна дека ракетата не може да се пресретне со противвоздушна одбрана и кажа дека Русија ќе почне сериско производство на новиот систем.

„Во моментов не постојат средства со кои може да се спротивстави на оваа ракета, нема средства за нејзино пресретнување никаде на светот. Уште еднаш ќе истакнам: Ќе продолжиме со тестирање на најновиот систем“, кажа Путин.

Рускиот претседател додаде дека Русија развива „неколку слични системи“ за понатамошни тестирања.

„Врз основа на резултатите на тестовите, овие оружени системи исто така ќе влезат во производство. Односно, развиваме цела низа ракети со среден и пократок дострел“, додаде рускиот лидер.

Киев првично ја обвини Москва дека испукала интерконтинентална балистичка ракета на Украина, иако западни експерти подоцна кажаа дека станува збор за експериментална ракета со среден дострел. Според американски и западни функционери, балистичката ракета носела повеќе боеви глави, и ова е првпат вакво оружје да се користи во конфликтот.

Путин кажа дека „орешник“ не е интерконтинентален проектил и не е „стратегиско оружје“, но додаде дека „поради својата ударна моќ“ е споредлив во ефектот и силата со стратегиско оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ